Бугарија: Странците ќе можат слободно да купуваат земјиште од 2014 година

27

zemjaСтранските државјани ќе имаат можност од 1 јануари 2014 година слободно да купуваат земјиште во Бугарија, пренесува БНР. Тогаш истекува грејс периодот што оваа земја го искористи при влегувањето во Европската унија. Постоела можност мораториумот да биде продолжен до 2016 година, но идејата е отфрлена.

И сега странците можат да купуваат земјиште во Бугарија, но треба да регистрираат фирма во земјата и да купуваат парцели на името на правното лице.

За стекнувањето на бугарска земја од поединци од други држави постојат спротивставени ставови. Од една страна тоа би ги раздвижило инвестициите во малите села и ќе заживеат посиромашните региони. Од друга страна, мораториумот е вид заштита на националните интереси.