Булгартабак ја презеде Фабриката за тутун Бања Лука

16

fabrika-duvanaБугарскиот холдинг Булгартабак го презеде мнозинскит дел акции од досегашниот сопственик на Фабриката за тутун Бања Лука, Антониќ трејд, и со тоа официјално стана мнозински сопственик на оваа фабрика.

“Во наредниот период работниците на Фабриката за тутун очекуваат да биде именувано ново раководство со кое ќе се разговара за потпишување колективен договор”, изјави претседателот на синдикалната организација, Мирослав Маринковиќ.

Владата на Република Српска во април годинава потпиша Меморандум за разбирање со компанијата Булгартабак, со кој бугарската компанија се обврзува во следните три години да го задржи постоечкиот број на вработени, да инвестира во модернизација на фабриката и да почне со производство на препознатливи брендови.