Бум во осигурителниот бизнис: Растe потребата за осигурување од напад на тероризам

301

Терористичките напади од 11 септември важат за иницијален старт на појавата на осигурувања од тероризам во светот. За осигурителниот пазар ова беше најскапиот случај во историјата. Неверојатен бум од 58 милијарди долари ги чинеше компаниите, како рекорд во браншата. Откако во 2016 година зачестија терористичките напади во Германија, за брзо време се случи сериозна револуција во секторот осигурување.

Поточно, во делот на осигурување на живот и напад од терористички напади. Голем удел имаше и тогашната изјава на тогашниот министер за внатрешни работи, Томас де Маизие. Службите ја процениле бројката на милитантни салафисти на 690, колку што немало никогаш до сега.

“Мора да бидеме свесни дека може да има потенцијални напади од терористички командоси и во Германија“, изјави Де Маизие.

Екстремус лидер во оваа област во Германија

Овој вид на осигурување стапи на сцена уште по нападите од 11 септември во САД.

“Побараувачка има и тоа сериозна. Во 2004 година имавме вкупна сума од 410 милијарди. Погледнете ја денес цифрата оде 670 милијарди. Уште тогаш ризикот од закана бил високо проценет и бројките покажувале желбата да се потпишуваат такви осигурувања е порасната. Со нападите во Париз во 2015 година пораснаа и сумите за осигурување. Со тоа ние забележивме пораст од 25%. Еве малку да разјасниме. Кога се работи за поединец напаѓач со пиштол или со кола напаѓа маса луѓе, штетата за предмети таму е ниска. Но, кога се работи за оружена терористичка група со експлозивни појаси тогаш е многу поголема. Пример е со терористичкиот акт во Брисел каде штетата може да се движи до 500 милиони евра“, изјави Герхард Хајдбринк, претседател на Управниот одбор на осигурителната куќа Екстремус во интервју за германски ДВ.

Во Германија веќе 18 години има специјални осигурувања против тероризам. Компанијата како Екстремус беше револуционер во овој дел на осигурителниот бизнис. Сепак, оваа компанија беше основана од водечките компании во Германија како Алијанц и Цирих. Тие покриваат сума од 25 милиони евра и приватна штета од терористички или политички мотивирани дела во Германија како и од тоа произлезени прекини во работата на фирмите до 2,5 милијарди евра. Интересно во целата ситуација е ако штетата е многу повисока, за партнер ја имаат Владата, односно има државна гаранција од Владата како највисоко обесштетување до 10 милијарди евра годишно за штети од тероризам.