Бум во туризмот: 2,45 милиони туристи ја посетиле Албанија за четири месеци

Во текот на првото тромесечие од годинава, заработката од туристичката индустрија во Албанија регистрираше нов највисок резултат, во споредба со истиот период од минатите години.

Според информациите објавени од Народната Банка на Албанија, гостите од странство инвестирале 874,36 милиони евра во Албанија, што претставува пораст од приближно 11% во однос на истиот период во 2024 година и 40% повеќе во споредба со истиот квартал од 2023 година.

„Статистиката покажува дека Албанија го зголеми своето водство во привлекувањето елитни туристи кои трошат повеќе и остануваат подолг период, факт што се претвора во позитивно и распределено влијание врз економијата”, оценува банката.

Исто така, нето салдото во туризмот останува поволно за албанската економија.

Разликата помеѓу трошоците на странските посетители во државата и издатоците на албанските граѓани кои патуваат надвор изнесува 295,32 милиони евра.

Инаку, во Албанија продолжува трендот на зголемување на бројот на патници.

Како што неодамна соопшти премиерот Еди Рама, во првите четири месеци од годинава биле регистрирани 2,45 милиони туристи, за разлика од 2,33 милиони минатата година, односно 1,68 милиони туристи во 2023 година.

Фото: Pixabay