Бундесбанк: Германската економија над очекувањата

97

Економската состојба во Германија е подобрена во последните недели, податоците се подобри од прогнозите од декември, забележува германската централна банка Бундесбанк во својот месечен извештај.
Додека инфлацијата и неизвесноста продолжуваат да тежат врз економијата, тензиите на енергетскиот пазар значително се намалија од летото, велат тие.

Годишната инфлација во декември падна на 8,6 отсто поради еднократните мерки на Владата, откако во ноември беше 10 отсто, а во октомври 10,4 отсто. Годишната инфлација изнесува 7,9 отсто, што е највисоко ниво во последните 70 години.

Германската економија се врати на нивоата пред Ковид-19, при што бруто домашниот производ (БДП) е зголемен за 1,9 отсто за целата година. Во декемвриската прогноза Бундесбанк предвиде дека БДП оваа година ќе се намали за 0,5 отсто.

„Последните објавени податоци се покажаа подобри од прогнозата од декември“, нагласуваат од Бундесбанк. Тие ја истакнаа привремената оценка на Државниот завод за статистика за движењето на БДП во последниот квартал од минатата година, според која БДП стагнира, спротивно на предвидениот пад, пренесува германската новинска агенција dpa.