Бундесбанката очекува рецесија и висока инфлација во 2023 година

Германската централна банка очекува рецесија и висока инфлација во земјата следната година.
„Бруто домашниот производ најверојатно ќе се намали на почетокот, но гледаме благо закрепнување од втората половина на годината“, рече претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел. Енергетската криза, рече тој, дополнително ја зголемува инфлацијата.

По овогодишниот раст од 1,8 отсто, експертите на Бундесбанк очекуваат пад на БДП од 0,5 отсто, изјави во петокот Нагел. Високите цени на енергенсите, поради рускиот напад врз Украина, ги оптоваруваат компаниите и граѓаните. Поради значителниот генерален пораст на цените, потрошувачите купуваат сè помалку.

Потрошувачките цени во ноември се за 10 отсто повисоки во однос на истиот месец од претходната година. Брзо олеснување не е на повидок. Инфлацијата е висока и постепено ќе се намалува, додаде Нагел.

Во 2023 година, Бундесбанката очекува пад на инфлацијата од 8,6 на 7,2 отсто, исто така поради владините ограничувања на цените на струјата и гасот. Во 2024 година стапката на инфлација, мерена преку усогласениот индекс на потрошувачки цени, кој е одлучувачки за монетарната политика во еврозоната, треба да падне на 4,1 отсто.

Според предвидувањата на Бундесбанк, најголемата европска економија би можела повторно да порасне за 1,7 отсто во 2024 година. Вкупните производствени капацитети не смеат да се рестартираат до 2025 година“, стои во анализата.

Пред половина година, економистите на Бундесбанк беа значително поголеми оптимисти, особено за следната година, иако веќе мораа да ги ревидираат прогнозите надолу во јуни. Во јуни Бундесбанк прогнозираше раст од 1,9 отсто за тековната година, а нејзините економисти за идната година раст на БДП од 2,4 отсто.