Buoy – уред што ја следи потрошувачката на вода

46

buoy-whats-in-the-box-560_580x-2xФото: Buoy Labs

Buoy е уред што им помага на луѓето да ја следат потрошувачката на вода во нивниот дом и да ја намалат доколку постои можност, пишува The Verge. Тој е дело на компанијата Buoy Labs со седиште во Калифорнија, а за да функционира се прикачува до водоводниот систем во домот и мери колку вода протекува низ цевките.

Buoy ги информира корисниците колку вода трошат за туширање, за миење на садови, перење и слично, а алармира и доколку има пукнатина на некое место. Целта на уредот е луѓето да заштедат колку можат и да не ја трошат водата без потреба.

Buoy ја следи брзината со која водата тече низ цевките, а потоа преку Wi-Fi го прикачува измерениот резултат до серверите на компанијата, коишто пак преку посебна програма ја категоризираат потрошувачката.

Преку апликација уредот ја покажува потрошувачката што била измерена во текот на денот и целокупната потрошувачка по категории. Освен тоа, ги алармира корисниците да го затворат доводот на вода доколку детектира протекување. Ова е особено корисно за оние кои поседуваат имот каде што не се присутни во поголемиот дел од годината.

Buoy може да се купи по цена од 799 долари.