Burton – Снежна авантура што прерасна во екстремен спорт

68

1Кралот на сноубордингот Џејк Бартон Карпентер, својата успешна приказна ја започнал во 1977 година кога ја основа првата Burton специјализирана фабрика за сноуборд опрема во Вермонт.

J.B“За мене сноубординг претставува многу работи. Прво, сноубордингот е фонтана на младоста, движење кое порасна повеќе отколку што очекував и конекција со непознати луѓе и места. Сноубордингот помина низ многу бранови, но единствената работа која секогаш ме враќа назад е мотото: Најдоброто за сноубордингот е најдоброто за нашиот бренд. Од иновативно возење и напор спортот да прерасне во нови патишта на одржливост, мотивацијата која го вози Burton извира од основата на прашањето зошто сите ние возиме. А причината е едноставна – му го должиме тоа на сноубордингот.“

6

Но, секој почеток е тежок. Дипломираниот економист, чија скијачка кариера завршила заради сообраќајна несреќа, не се обесхрабрува. Џејк Бартон имал големата љубов кон екстремните спортови и од возењето на снуфер добил идеја да го модифицира производот. Бидејќи немал пари, тој во својата гаража рачно ги произведувал сноубордите.

3Во 1978 година со ко-основачот  Димитрије Милович, сопственик на Winterstick, вработуваат пет работници кои ќе произведуваат, репарираат и продаваат сноуборди. Почетокот не ги обесхрабрил, иако во првата година успеале да продадат само 50 сноуборда. Веќе следната година продажбата се зголемила двојно повеќе.

Кампањата на Џејк Бартон да ги отворат ски лифтовите и за сноубордерите, предизвикала голема заинтересираност кај луѓето во локалните ресорти. Маркетингот кој го спроведувал на Националниот Шампионат за Сноуборди на планината Стратон во 1985 година, овозможил да прерасне во Американски Отворен Шампионат под негово водство и сопственост. Натпреварот помогнал во озаконувањето на овој екстремен спорт.

Истата година ја основа Европската дивизија на Burton во Инсбрук, Австрија, а во 1986 година дистрибуцијата започнала и во Нов Зеланд.

Во 1992 година фабриката Burton се преселила во Бурлингтон. Производствената линија содржи комплетна сноуборд опрема, но и дизајнирана облека за мажи и жени.

4Од 2009 година Бартон е сопственик на 10 компании кои продаваат сноуборди, облека и чевли (R.E.D, Gravis, Anon, Analog, Forum, Special Blend, Foursquare, Jeenyus, Channel Islands). 

5

Брендот Burton постигна голема популарност и се продава во повеќе од 4.348 продавници во светот, а од 2003 година и на интернет.

burton