
Акциите на кинескиот производител на електрични возила BYD паднаа денес за 8,25 проценти, само неколку дена откако достигнаа рекордно високо ниво, бидејќи пазарот реагираше на новата рунда намалувања на цените објавени од компанијата со седиште во Шенжен.
Како дел од промотивната кампања што трае до крајот на јуни, BYD ги намали цените на 22 модели на електрични и плаг-ин хибридни возила.
Најголемите корекции се однесуваат на популарните модели како што е „морскиот галеб“, чија цена е намалена за 20 проценти на 55.800 јуани (околу 6.830 евра), како и хибридот „seal“ (Seal) со двоен мотор, кој сега е поевтин за 34 проценти и чини 102.800 јуани (околу 12.524 евра).