
Кинескиот производител на електрични возила BYD забележа пад на домашната продажба за околу 36 проценти во првите два месеци од 2026 година, додека конкурентите како Lipmotor, Xiaomi и Nio регистрираа значителен раст, според најновите податоци од Кина.
BYD сè уште доминира на кинескиот пазар, но неговата доминација постепено слабее бидејќи конкурентите успеваат да привлечат клиенти со иновативни производи и конкурентни цени, објавува CNBC.
Враќањето на данокот од пет проценти на нови електрични возила во Кина, воведен на крајот од 2025 година, создаде привремен „јаз во побарувачката“ претходно оваа година, бидејќи купувачите брзаа да купуваат пред да се спроведе данокот.











