
Кинескиот производител на хибридни и целосно електрични автомобили BYD сака да ја удвои продажбата надвор од својата матична земја на повеќе од 800.000 возила до 2025 година. Компанијата ќе се обиде да се бори против европските тарифи за електричните возила од Кина со склопување автомобили на локалните пазари, рече претседателот на компанијата Ванг Чуанфу за време на разговорот со аналитичарите по објавените резултати од компанијата.
BYD, која продаде 417.204 автомобили на пазарите надвор од Кина во 2024 година, очекува „значително зголемување“ на својот пазарен удел во Велика Британија, земја која е „многу отворена“ за конкурентни кинески производи, се вели во транскриптот од разговорот што го објави Ројтерс.