ByteDance плаќа 92 милиони долари казна за нарушување на приватност

37

Кинеската компанија ByteDance, сопственик на социјалната мрежа TikTok, се согласи да плати 92 милиони долари како казна по основ на тужба во којашто се тврди дека компанијата ја загрозува приватноста на корисниците со незаконско собирање на податоци, пренесува Ројтерс.

Оваа тужба произлезе од 21 одвоена колективна тужба поднесена во Калифорнија и Илиноис минатата година, а до нагодба дојде по парницата подолга од една година.

“Иако не се согласуваме со тврдењата, наместо да поминуваме низ долготрајна парница, би сакале да ги насочиме нашите напори кон изградба на сигурно искуство за TikTok заедницата“, велат од компанијата.

Во тужбата се тврди дека апликацијата се “инфилтрирала во уредите на своите корисници и извлекувала широк спектар на приватни податоци и содржини што се користат за следење и профилирање на корисниците со цел таргетирани огласи и заработка“.