Cafelat Robot – рачен апарат за еспресо

143

Фото: Youtube

Cafelat Robot е мал рачен апарат за еспресо, којшто работи без електрична енергија. Потребно е само топла вода и кафе .

Овој апарат нема вграден грејач и целата работа се завршува рачно. Квалитетот на подготвеното кафе е “рамо до рамо“ со квалитетот на еспресото од професионалните машини за кафе.

Машините за еспресо имаат прилично високи цени, додека Cafelat Robot е иновативен производ со достапна цена за секого. Иако е наменет само за еспресо, откако истото ќе биде подготвено, може да се додаде млеко или мраз и корисникот да си направи кафе по избор.

Производот, којшто моментално чека да биде патентиран, е дело на старт-ап со седиште во Хонг Конг и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 39.182 долари од потребните 50.955 долари, а кампањата трае уште 29 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во октомври годинава.