Австралиската компанија за графички дизајн Canva стана една од најголемите приватни компании во светот откако беше проценета на 40 милијарди долари. Canva е компанија која нуди шаблони за дизајн кои се состојат од правење честитки за постери, биографии (CV) и календари, и постигна голем раст за време на пандемијата со тоа што многу од нејзините корисници работат од дома.
Според BBC, Canva најави нова рунда инвестиции од 200 милиони долари – што повеќе од двојно ја зголеми вредноста на компанијата за пет месеци, пренесува порталот Бонитет.
Токму тоа ја прави оваа компанија една од највредните стартапи во светот. Според CB Insights, вредноста на компанијата од 40 милијарди долари ја прави петта највредна стартап компанија во светот, зад кинеската компанија BiteDance, која е сопственик на TikTok, платформата за плаќање Stripe, компанијата на Илон Маск, SpaceX и шведската финансиска технолошка компанија Klarna. Сето ова, исто така, ги става ко-основачите меѓу првите 10 најбогати луѓе во Австралија.
Canva е основана во Сиднеј во 2013 година од Австралијците Мелани Перкинс (34) и Клиф Обрехт (35), кои заедно поседуваат околу 36% од компанијата.