Царините на Македонија и Турција ќе ја унапредуваат соработката

53

17791DFAD778674E86064A7A703A65D9Македонската и турската царина во иднина ќе ја унапредат соработката во областа на царинските контроли и истраги. Договорот беше склучен на вчерашната средба во Анкара, помеѓу директорите на македонската Царинска управа Ванчо Каргов и на турскиот Потсекретаријат за царина, задолжен за ЕУ и надворешни прашања, Хасан Косеоглу.

Како што соопшти македонската Царинска управа, Каргов и Косеоглу, размениле искуства околу воведувањето нови ИТ системи во двете царински управи. Фокусот на разговорите бил развојот на Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС) во двете земји, со оглед дека и во Македонија и во Турција системот го развива истиот изведувач.

“Косеоглу одржа презентација за развојот на НКТС во Турција, финансиран од страна на ИПА фондовите на Европската унија, кој е во функција од  јануари 2012 година и се осврна на нивните искуства со овој систем во изминатите година и два месеци. Покрај ова, искажано е задоволство од нивото на соработка на полето на размена на информации во спроведувањето на трговската размена, при што е потенцирана потребата за натамошно продлабочување на соработката и олеснување на трговијата”, се вели во соопштението.

При престојот во Турција македонската делегација беше во посета на логистичката база на турската Царина во Анкара, каде што се наоѓа главниот ИТ центар на Царинската управа на Турција.