CATL инвестира 7,3 милијарди евра во фабрика за батерии во Унгарија

127

Групацијата Mercedes-Benz Group AG ќе се приклучи на кинеската компанија Contemporary Amperex Technology Co. Ltd. – CATL во изградба на фабрика за батерии во Дебрецен со инвестиција од неверојатни 7,3 милијарди евра (7,6 милијарди американски долари), пишува Блумберг.

Фабриката ќе има капацитет од 100 гигават часови, што е доволно за напојување на повеќе од милион автомобили и ќе работи на обновлива енергија, според CATL, најголемиот светски производител на батерии за електрични возила.

Фабриката ќе биде лоцирана во Дебрецен (225 километри источно од Будимпешта), во непосредна близина на клиентите BMW , Stellantis  и Volkswagen, соопшти CATL.

Државниот секретар на Министерството за надворешни работи и трговија Левенте Маџар рече дека фабриката изградена на површина од 21 хектар ќе отвори околу 9.000 нови работни места.