Celsius ги изгубиле средствата на нивните клиенти во Bitcoin позиции

56

Платформата за крипто-заеми, Celsius, наводно, се обидела да тргува со Bitcoin (BTC) на своите корисници непосредно пред компанијата да поднесе барање за стечај.

„Фајненшл тајмс“ (ФТ) известува дека Celsius ги злоупотребил корисничките средства за тргување со BTC под раководството на извршниот директор Алекс Машински.

Според извештајот, Машински го собрал својот инвестициски тим во јануари за да објави дека ќе ја преземе контролата врз стратегијата за тргување на фирмата непосредно пред состанокот на Федералните резерви, кој, тврдел тој, „ќе ги раздвижи пазарите“.

Изворите на „ФТ“ тврдат дека Машински бил убеден дека исход од состанокот на ФЕД ќе доведе до пад на крипто-пазарите и сакал фирмата да продава големи количини на BTC.

„Тој им наредуваше на трговците масовно да тргуваат врз основа на лоши информации… Тој трошеше огромни количини на Bitcoin“, вели извор запознаен со темата.

Состанокот на ФЕД го немаше очекуваниот ефект врз цената на BTC, а Celsius, наводно, морал да купува со загуба пред да објави загуба од 50 милиони долари во јануари.

Извештајот на „ФT“, исто така, дава детали за уште една лоша зделка, каде што Celsius купувал Grayscale Bitcoin Trust (GBTC), популарен инвестициски производ кој ја следи цената на BTC и тргува со премија или попуст во зависност од насоката на пазарите.

Според „ФT“, Celsius купувал GBTC кога се тргувал со премија, а потоа претрпел големи загуби кога BTC паднал во цената и GBTC почнал да се тргува со попуст од 15%.

На Celsius, наводно, му бил понуден договор за да излезе од загубата, но Машински одбил, шпекулирајќи дека отстапката на крајот ќе се намали. Фирмата конечно се повлече од договорот кога GBTC се тргуваше со попуст од 25%.

Според извори запознаени со ова прашање, вкупните загуби на компанијата само од тргувањето со GBTC се помеѓу 100-125 милиони долари.

Приказната на „Фајненшл тајмс“ доаѓа во време на извештаи за истрага против Машински од страна на комитет на необезбедени доверители, кои тврдат дека клиентите на Celsius постојано биле подведувани од главниот извршен директор за безбедноста на нивните средства и деловниот модел на фирмата.