Цената на златото надмина вчера 2.700 долари бидејќи инвеститорите побараа сигурно прибежиште за капиталот во услови на заострување на тензиите на Блискиот Исток и засилената неизвесност пред претседателските избори во Соединетите Американски Држави.
На физичкиот пазар унца злато чинеше околу пладне 2.712,86 долари и беше поскапа за 0,7 отсто од затворањето на трговијата во четвртокот. И на американскиот пазар со вчера златото се тргуваше по 0,7 отсто повисока цена, од 2.726,25 долари по унца.
Побарувачката за безбедна инвестиција зајакна на крајот на неделата под влијание на случувањата на Блискиот Исток.
Од почетокот на годината цената на златото се зголеми за повеќе од 31 отсто, напоменува Ројтерс.