
Цените на гасот на европската берза ТТФ скокнаа за околу 45 отсто оваа година и се очекува да продолжат да растат, особено поради прекинот на испораката на руски гас преку Украина од 1 јануари.
Гасот што се испорачува преку Украина претставува помалку од пет проценти од вкупните потреби на Европа за оваа енергија, но неговата загуба дополнително ќе го оптовари и онака тесниот пазар, известува Trading Economics.
Како што се наведува, февруарските фјучерси на гас на берзата ТТФ се продаваа денеска во 11:50 часот по цена од 49,035 евра за мегават-час, што е највисока во последните неколку недели.











