
Германските големопродажни цени во ноември се зголемија за 1,5 проценти на годишно ниво, што е најбрзо темпо од февруари, објави денес Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис).
Претходно, во октомври, цените се зголемија за 1,1 процент на годишно ниво, а во септември за 1,2 проценти, додека големопродажните цени во Германија бележат раст на годишно ниво дванаесет месеци по ред.
Во германскиот сектор за храна, пијалоци и тутун, големопродажните цени се зголемија за 3,2 проценти на годишно ниво во ноември, додека во категоријата кафе, чај, какао и зачини, цените се зголемија за 21,9 проценти, додека шеќерот и пекарските производи се зголемија за 12,3 проценти, како и месото и преработените производи за 7,3 проценти.













