Цените на храната во светот паднаа во мај поради пониските цени на житарките, растителните масла и шеќерот

Светските цени на храната паднаа во мај поради пониските цени на житарките, растителните масла и шеќерот, објави денес Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Вредноста на светскиот индекс на цени на храната (FFPI) за мај е 127,7 поени, што е намалување од 0,8 проценти во споредба со априлските 128,7 поени, според ФАО.

Месечниот индекс на цените на житарките падна за 1,8 проценти на 109 поени, што е најниско ниво од септември 2020 година.