Цените на нафтата паднаа

Цените на нафтата остро паднаа на азиското тргување денеска. Аналитичарите го припишуваат падот главно на јакнењето на доларот, пренесува Ројтерс.
Барел Тексас нафта од 159 литри за испорака во февруари чинеше 73,78 долари утринава по средноевропско време, што е за 18 центи помалку од петокот. Во Лондон, мартовските фјучерси на северноморската сурова нафта „брент“ паднаа за 19 центи на 76,32 долари за барел.