
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна втор ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,35 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 104,27 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 150,55 на 150,50 јени.
Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0785 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0805 долари.
Цените на нафтата сепак благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,31 отсто, на 73,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,35 отсто, на 69,25 долари.