Цените на нафтата пораснаа, доларот ослабе

Вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути во четвртокот во претпладневното тргување падна втор ден со ред.

Индексот на доларот, кој ја искажува изведбата на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево е околу 97,45 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето беше 97,80 поени.

Истовремено цената на еврото е стабилна околу 1,1740 долари, колку што беше и вчеат во истиот период.

Сепак, американската валута ослабе во однос на јапонската, па курсот на доларот падна на 147,05 јени, додека вчера во истиот момент чинеше 147,95 јени.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа, надоместувајќи дел од вчерашните загуби. На лондонскиот пазар, цената на барелот претпладнево порасна за 0,52 отсто, на 65,70 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот порасна за 0,50 отсто, на 62,10 долари.