Цените на растителното производство пораснаа за 28%: Земјоделските производи сè поскапи

Според податоците на Државниот завод за статистика цените во земјоделството во март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 5.2 % кај инпутот и за 23.4 % кај аутпутот

Цените во земјоделството во март 2026 година, споредени со цените во март
2025 година, бележат зголемување и кај инпутот и кај аутпутот.

Во делот инпут, во март 2026 година, во споредба со март 2025 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за  5.0 %, а зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 6.5 %.

Во делот аутпут, во март 2026 година, во споредба со март 2025 година, цените на растителното производство се зголемени за 27.9 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 0.7 %.

Кај цените во земјоделството во март 2026 година, во однос на март 2025 година, се бележи следнава динамика:

  • повисоки се за 27.9 % кај растителното производство и
  •  за 0.7 % кај добиточното производство 

во делот на аутпутот, додека во делот на инпутот

  • повисоки се за 5.0 % кај тековно потрошените средства во земјоделството и
  • за 6.5 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството