Цените на становите и куќите во Германија растат пет квартали по ред

Цените на становите и куќите во Германија растат пет квартали по ред и покрај високите каматни стапки и послабата куповна моќ на граѓаните, така што во вториот квартал од 2025 година скокнаа за 4,1 процент на годишно ниво и за 1,1 процент во споредба со претходниот квартал, според податоците објавени денес од здружението на германски банки VDP.

Ограничената понуда го турка пазарот нагоре

Динамиката на растот на цените укажува на исклучително тесна ситуација на пазарот на домување – побарувачката е сè уште голема, а понудата е ограничена, коментираше генералниот директор на VDP Јенс Толкмит.

Меѓу седумте најголеми германски градови, Диселдорф забележа најбрз квартален раст на цените на недвижностите – за два проценти во споредба со првиот квартал од 2025 година.