
Цените на угостителските услуги во ноември 2025 година се зголемени за 0.2 % во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во ноември 2025 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 4.1 %.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – ноември 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5.0 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2.2 %.
Цените во угостителството, по групи, во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година се зголемени за:
- 0.2 % кај Храна
- 0.6 % кај Алкохолни пијалаци
- 0.1 % кај Ноќевања
Во групата Безалкохолни пијалаци не е забележана промена на цените.











