Четири начини како да го добиете тоа што го сакате

118

cvet-na-zemja-pixabay

Фото: Pixabay

Во животот понекогаш не знаеме како правилно да постапиме за да го добиеме тоа што го сакаме. Експертите советуваат да ги примениме овие четири работи.

Прашувајте

Слободно прашувајте и бидете конкретни. Понекогаш луѓето сакаат да добијат нешто, а притоа не се изјаснуваат што е тоа и очекуваат некој да ги разбере и без прецизно објаснување. Сакате зголемување на платата или ја сакате новоотворената позиција на работното место? Не очекувајте другите да ви ги читаат мислите. Прво бидете искрени со себе, што е тоа што го сакате и и побарајте го на соодветниот начин од соодветните луѓе.

Престанете со извинувања

Честопати кога бараме нешто од некого на повисока функција прашањето го започнуваме со извинување, а понекогаш и завршуваме со фразата “ако ви претставува проблем тогаш не мора”. Погрешно е да се извинувате со цел да бидете пристојни. Тоа може да се постигне и без извинување. Во спротивно на вас ќе гледаат како некој што не знае што сака или не е доволно храбар да се избори за себе. Бидете силни, никому не должите извинување за тоа што сакате да го побарате.

Бидете упорни

Сте добиле негативен одговор… неколку пати. Направете мала пауза, дајте си оддишка, но во ниеден случај не се откажувајте. За некои работи треба повеќе време или поинаков пристап. Ако предната врата не е отворена пробајте да излезете од задната. Ако книгата е поставена на најгорната полица качете се на скала. Жалењето не е добра стратегија. Верувајте во тоа што го сакате и по некое време повторно побарајте го.

Бидете незаменливи

Сите сакаат да бидат незаменливи, па нема ништо лошо ако се потрудиме да го постигнеме тоа. Работете на своите вештини и знаења, зголемете ја вашата вредност и со тоа ќе станете важен дел во компанијата. На тој начин претпоставените ќе сакаат да ве задржат по секоја цена. Бидете видливи, максимално продуктивни и секако пријатни за работа и дружење. Работете напорно  и изградете добра репутација… ќе биде многу полесно да побарате нешто кога веќе зад себе имаат толку многу постигнувања.