Четири продуктивни навики што ги практикуваат најуспешните претприемачи

24

22195373_10154930899536961_4959660337302559557_n

Фото: Facebook

Бил Гејтс, Џеф Безос и Илон Маск, освен што се ултра успешни бизнисмени, делат и исти навики што им помагаат да ја задржат својата продуктивност на високо ниво.

Како што пишува Inc.com, трите големи претприемачки имиња ги практикуваат следниве работи:

Мејлот е приоритет

Секој од овие тројца успешни мажи имаат своја техника со којашто ефективно и брзо составуваат и одговараат на мејлови. Бил Гејтс користи три монитори за да биде во тек со пораките. Илон Маск разговара како што вели самиот “со многу поголема брзина од другите“ и успева на секој мејл да одговори веднаш. Безос, исто така, праќа кратки ефективни мејлови во коишто со една реченица кажува сè и на тој начин успешно ги делегира работите.

Ефективни состаноци

Според Гејтс, ефикасните состаноци се резултат на добра подготовка и секој треба да биде претходно спремен. Така, нема да се губи време во презентација на проблемот и ќе се дискутира само за решението. Безос прави состаноци само со онолку луѓе колку што е потребно за да се изедат две пици. Кај Маск на состанок доаѓаат само оние кои имаат да кажат нешто ново или оние луѓе кои имаат решение за конкретen проблем.

Квалитетен сон

Овие претприемачи добро знаат колку е важен сонот за продуктивноста и здравјето. Секој има свои потреби и треба да му дозволи на умот и телото заслужен одмор. Така, Гејтс спие седум часа во текот на ноќта, на Безос му се потребни осум, а Маск добро функционира после шест ипол часа сон. Според нив, секој треба да процени колку часови сон му се доволни и да не отстапува од тоа.

Физичка активност

Без физичка активност не е возможно да се остане свеж, здрав и продуктивен. Сите добро ги знаеме бенефициите од вежбањето, но само паметните ги применуваат. Овие три умни глави работат несомнено во своја корист, па секој си има своја рутина на физичка активност што ја вклучува во секојдневните обврски. Безос и Маск креваат тегови и прават кардио вежби, а Гејтс поминува доволно време на подвижна лента за трчање.