Чевли оригами – иновација која може да го промени светот

22

u3

Околу 300 милиони луѓе во сиромашните земји во светот немаат ниту еден пар чевли и се принудени да одат боси. За да се реши овој проблем, тимот кој стои зад проектот Unifold, се одлучи на радикално нов начин на создавање чевли – оригами обувки направени од парче рециклиран материјал.

За изработка на овие обувки е користен материјал етилен винил ацетат, а едноставниот дизајн ги прави лесни за производство. Освен што не треба да се шијат, лепат, да се подготвуваат калапи, тие можат и да се испечатат, да се превиткаат и веднаш да се носат, пишува Co.Design.

Зад проектот стојат Хорацио Јуксин Хан и Кевин Кроули, дипломци од Прат Институтот во Њујорк. Во моментов проектот е уште во експериментална, прелиминарна фаза, но Јуксин се надева дека наскоро ќе излезат на пазарот и тоа во две варијанти.

u2

u4

u1

u5

u6