Chototel: Хотели каде ноќевање чини само два долара

32

room layout1

Реа Силва е основач на Chototel, ланец на евтини хотели каде најниската цена за една ноќ изнесува два долара, а најскапата пет, пишува Business Insider. Сега нејзината компанија планира да отвори станбено-хотелско сместување во Наготан, мал индиски град во близина на Мумбаи.

Првиот ваков хотел треба да биде комплетиран следниот месец, додека останатите три во следните четири месеци. Секоја градба ќе се состои од 60 станови, а секој стан ќе има свој кревет, гардеробер, мијалник, телевизор и мала кујна. Овој тип на хотели како целна група клиенти ги има оние станари кои не се во состојба да одвојат месечна кирија, но можат да си дозволат да плаќаат мали суми ден за ден.

Во собата ќе може да се отседне и без користење на струја, вода или греење и тогаш цената ќе биде само два долара. Гостинот ќе добие чиста соба со кревет и бесплатен Wi-Fi. Но, ако ви требаат комунални услуги, за време на престојот ќе бидат овозможени алатки со коишто на паметен начин ќе може да се заштеди на потрошувачката. Собите се опремени со уреди коишто генерираат одредени податоци што потоа се испраќаат до хотелот и станарот преку апликација за мобилен телефон. На тој начин постои размена на податоци за навиките на станарот и колку тој/таа трошат при престојот.

Иако првите пилот хотели се отворени со средства од компанијата на 24 годишната Силва, Chototel од следниот месец планира да собере средства од јавниот пазар за следните вакви проекти. Следна локација на изградба на Chototel ќе биде Мумбаи, каде ако се оди според планот, би се сметиле 10.000 станари. Во предвид доаѓаат и Дубаи, Лагос и Бристол како следни локации.