Чудото наречено GameStop: Малите инвеститори ги фрлија на колена големите фондовски играчи

350

Минатата година во април акциите на GameStop вредеа само 2,80 долари, а во средата можеа да се продадат за неверојатни 340 долари.

Само оваа година, цената се зголеми за скоро 700%, иако се очекува оваа година компанијата да работи со загуба.

И сето ова се случува спротивно на инвестициските одлуки на големите фондови кои ги продаваа акциите на GameStop во последните денови.

Битката започна кога добро познатиот шорт продавач Ендру Лефт од Citron Capital зборуваше против GameStop. Тој беше пречекан со нож од толпа мали инвеститори кои се обложија токму на спротивното.

“Бидејќи правилата се менуваат, на луѓето тоа не им се допаѓа. Живееме во свет каде што обичните луѓе имаат ист пристап до пазарот како професионалците и можат да дојдат до истиот заклучок или можеби спротивниот. Решението е поголема институционална транспарентност, а не помал пристап до малопродажбата“, изјави инвеститорот во технолошки акции Шамат Палихапитија за CNBC.

GameStop е американски ланец кој продава видео игри, компјутерска опрема и други електронски уреди, со повеќе од 5.500 продавници и седишта во предградието Далас.

Фото: Facebook