Канадските инженери Омар Елеријан и Симон Царнота дизајнираа мал дрон Cleo, којшто е едноставен за користење, а тежи само 65 грама. Со батерија што се полни 30 минути, може да издржи 20-минутен лет. Овој дрон е опремен со квалитетна камера од 14 мегапиксели и може да снима видео со агол од 360 степени.
Димензиите на Cleo се 92mm x 92mm x 30mm, а неговите перки се сместени во средината и заштитени се со рамка, со што овој дрон е безбеден за управување.
Корисникот ќе може да управува со минијатурниот дрон преку паметните телефони на iOS или Android оперативен систем, а опремен е со софтвер за инфрацрвени сензори и препознавање на топлина, за да се избегнат препреки.
Прототипот Cleo ќе биде претставен наредниот месец на Consumer Electronics Show (CES) во Лас Вегас.