Coca-Cola ќе ги рециклира сите амбалажи до 2030 година

18

city-sky-boardwalk-urban

Фото: Pexels

Coca – Cola се обврза дека до 2030 година ќе ги рециклира сите искористени шишиња и конзерви од продадените пијалаци, пишува BBC.

Компанијата ова го нарекува масивна глобална амбиција и признава дека има удел во создавање на пластичен отпад и презема иницијатива за негово ефикасно решавање.

Coca – Cola, којашто продава 500 брендови на газирани пијалаци, сокови и вода ќе работи на тоа сите свои амбалажи да ги направи погодни за рециклирање низ целиот свет. Компанијата започна и своја кампања наречена World Without Waste (Свет без отпад) со којашто го потврдува фактот дека компаниите за храна и пијалак се одговорни за голем дел од отпадот на улиците, плажите и океаните.

Освен добро познатиот бренд Coke, Coca – Cola произведува и десетици други сокови, газирани пијалаци и чаеви.