Colgate – Palmolive традиција подолга од 200 години

289

Colgate за насмевка што блеска и здрави заби без кариес. Најпопуларната паста за заби помина долг пат, пат од 140 години.

AVN_TOOFPASTE_644914f

Colgate-Palmolive е американска мултинационална компанија за производство и дистрибуција на производи за широка потрошувачка во домаќинството, производи за лична хигиена и здравје. Тука спаѓаат сапуни, детергенти и производи за орална хигиена (пасти и четки за заби), храна и спортска опрема.

Нивниот најпознат производ во светот е пастата за заби Colgate, која е прогласена за паста која обезбедува најдобра заштита од кариес.

the-colgate-palmolive-building-i-steven-ainsworth

Компанијата има повеќе од 200 годишна традиција, а како станала она што е денес, погледнете од она што следува.

1806
Вилијам Колгејт започнува со производство на скроб, сапуни и свеќи во Холандската улица во Њујорк.

1820
Колгејт отвора фабрика за производство на скроб во Њу Џерси.OurCompany_History

1866
Компанијата ласнира на пазарот парфемиран сапун и парфеми.

1873
Се појавуваат првите пасти за заби во тегла.

1866_11898
B.J. Johnson Soap Co. (што подоцна прераснува во Palmolive Company) го произведува сапунот Palmolive.

Денес овој производ се продава во повеќе од 88 земји во светот, а го има во 54 различни варијанти.

1920
Колгејт се пробива на пазарите во Европа, Азија, Јужна Америка и Африка.

1947
Се појавува средството за чистење Ajax, кое денес е светски бренд и познато име кога станува збор за производи за чистење.1947

1962
Во Франција е лансиран првиот омекнувач за алишта – Soupline.

Денес ваквите производи на Колгејт се продаваат во повеќе од 54 земји во светот.

1966
За прв пат се појавува течниот детергент Palmolive кој денес се продава во 35 земји низ светот.

1983
Произведена е четката за заби Colgate Plus. Денес овој производ е еден од најпродаваните на брендот со 1,6 милијарди четки продажба годишно.

1987
1987Colgate го купува бизнисот со течнен сапун Softsoap на корпорацијата Minnetonka

1992

Ланисирана е пастата Colgate Total

1995
Colgate влегува на пазарите во Централна Европа и Русија.

Денес на чело на Colgate-Palmolive е Иан Кук, а за компанијата работат приближно 38.000 луѓе. Минатата година Colgate-Palmolive оствари приход од 17,085 милијарди долари.

ian-cook

Трите бизнис принципи на Colgate-Palmolive кои придонесоа компанијата да стане толку успешна се Грижа за клиентите, Тимска работа на глобално ниво и Постојано подобрување.

Во продолжение некои од останатите брендови и местата каде истите се произведуваат:

Течен детергент за алишта ABC (Tурција), Шампон Caprice (Мексико), паста Colodent (Полска),

Паста за заби Dermassage Dentagard (Германија), Шампон Gard (Германија, Филипини), сапун, шампон

Hacı Şakir (Турција), храна за милиничиња Hill’s, белило La Croix (Франција), Паста за заби Profiden (Шпанија), Сапуни Protex (Јужна Америка), омекнувач за алишта Soupline (Франција), Део – стик за пазуви Speed Stick Spree (Австралија).

fromcolgatepalmolive

Победници во маркетинг кампања

За забниот конец на Колгејт беше изработена една од најуспешните рекламни кампањи минатата година, дело на бразилската рекламна компанија Y&R.

Рекламата користи два емотивни елементи: изненадување и непријатност.

Погледнете за што станува збор:

38ba8dd66ce6835c5fa0d1a1912c74d3 c9cd3753fdf0127a843af428d6fa9e5b 3398fe2ee98bccba9e6c81f93e263f35

Сигурно веднаш го забележавте остатокот од храна на забите кај мажот.

Реакцијата на непријатност беше толку силна, што ретко кој ги забележа другите недостатоци на фотографиите. Вишокот прсти на првата, третата непозната рака на втората и недостаток на уво кај мажот на третата фотографија.

Со ова компанијата сака да покаже колку тој мал остаток од храна е воочлив и дека токму Colgate-Palmolive го има решението – Забен конец.

Интересно и изненадувачки во секој случај.