Cove – биоразградливо шише за вода

50

Фото: Cove

Cove е 100% биоразградливо шише за вода и еколошка алтернатива за пластиката. Иако изгледа и има текстура како пластика, тоа е изработено од природни полимери наречени PHA (полихидроксиалканоат) коишто се целосно биоразградливи и не претставуваат никаква опасност за околината.

Cove се разложува во јаглерод диоксид, вода и органски отпад, без да испушти токсични нуспроизводи. Шишето може да трае шест месеци и да се употребува повеќе пати, пишува Inhabitat.

Шишињата моментално се полнат со изворска вода од планината Паломар во Калифорнија, но основачот Алекс Тотерман сака истите да се полнат од локални извори, со цел да се обезбеди поголема свежина и да се избегне пренос на водата на подолги дестинации.