Црна Гора трета најдобра дестинација за дигитални номади

Црна Гора е, според VisaGuide Digital Nomad Index, третата најдобро рангирана дестинација за дигитални номади ширум светот, веднаш зад Шпанија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Овој индекс ги рангира земјите врз основа на клучните фактори кои влијаат на начинот на живот и работната средина на дигиталните номади, како што се брзината на интернет, оданочувањето, политиките за даночно ослободување, потребниот приход, трошоците за живот, здравствената заштита и популарноста на дестинацијата во однос на туризмот.

„Црна Гора се издвојува во рангирањето поради ниските даноци кои се движат од девет до 11 отсто, пристапните трошоци за живот и минималниот месечен приход што е важен за луѓето кои бараат дигитална номадска виза, 1,35 илјади евра, што ја прави атрактивна опција за работниците од далечина“, се вели во соопштението.

Покрај тоа, како што е наведено, локалното население е познато по својата гостопримливост, а зачудувачкиот брег на земјата и прекрасните плажи придонесуваат за нејзината привлечност.

Меѓу првите пет се и Бахамите и Унгарија.