Cubo AI – паметен “чувар“ на бебиња и мали деца

35

Cubo AI е паметна камера што го чува бебето и алармира доколку, односно пред да се случи нешто.

Системот со вештачка интелигенција детектира различни ситуации, како покриено лице, превртување на бебето, плач, приближување кон забранета зона, а ги зачувува и убавите моменти преку автоматско фотографирање.

Родителите добиваат малку одмор додека Cubo AI се грижи за малечкото. Освен тоа, камерата има и вградено светло, 1080p HD ноќна визија, 18-часовен плејбек, а мери температура и влажност со цел бебето да ги добие најдобрите услови во домот.

Уредот е тестиран на 6.182 пилот корисници со цел да се добие најдобрата финална верзија. Над 93% од корисниците рекле дека Cubo AI помогнал да добијат малку мир. Камерата може да се користи на неколку начини. Кога бебето е мало се мести над креветчето, а потоа кога ќе прооди се поставува на соодветен дел од мебелот од каде што најдобро ќе може да го следи малото дете.

Производот е дело на старт – ап од Лос Анџелес, САД, и има своја кампања на платформата Indiegogo. Првите испораки се очекуваат во септември.

Фото: Indiegogo