На Македонска берза од денеска се тргуваат нови државни обврзници со камата од 4,6%

На Официјалниот пазар на Македонската берза, на потсегментот Берзанска котација, од денеска (16 ноември) започнува тргувањето со новата емисија државни обврзници.

Станува збор за двегодишни државни обврзници без девизна клаузула со вкупна вредност на емисијата од 762.660.000 денари, поделени во 76.266 хартии од вредност со поединечна номинална вредност од 10.000 денари.

Hивниот рок на достасување е на 12 ноември 2028 година. Годишната каматна стапка за оваа емисија изнесува 4,60 проценти.

Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 762.660.000 МКД
Број на издадени хв: 76.266
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 12.11.2026
Датум на достасување: 12.11.2028
Каматна стапка: 4,60%
Шифра на тргување: M121128
ИСИН: MKMINF20GDO5