
Во современото деловно опкружување, грижата за вработените подразбира многу повеќе од редовна плата и добри работни услови. Професионалните пензиски шеми овозможуваат оваа грижа да се преточи во конкретни придобивки и за вработените и за компанијата. Со уплатата на доброволни придонеси од страна на работодавачот, вработените остваруваат дополнителна финансиска придобивка и поголема финансиска сигурност. Средствата што се акумулираат на нивните професионални сметки остануваат нивна лична сопственост, независно од евентуална промена на работодавачот. За компанијата, пак, професионалните пензиски шеми претставуваат можност за привлекување и задржување квалитетен кадар, зголемување на мотивацијата и лојалноста на вработените и користење даночни олеснувања. Така, вложувањето во иднината на вработените придонесува и за долгорочниот развој на компанијата.
Што претставуваат професионалните пензиски шеми?
Професионалните пензиски шеми се форма на доброволно капитално финансирано пензиско осигурување преку која работодавачот организира и финансира дополнителни пензиски придонеси за сите или за дел од своите вработени. Средствата се уплаќаат на професионалните сметки на учесниците во рамките на доброволен пензиски фонд, а нивната акумулација и инвестирање овозможуваат создавање дополнителни средства за иднината.
Една од главните предности на овој модел е тоа што им овозможува на компаниите да воспостават структуриран систем на дополнителни бенефиции, приспособен на нивните можности и потребите на вработените. Работодавачот ги утврдува условите на шемата, вклучувајќи ја висината и динамиката на уплатите, како и кругот на вработени што ќе бидат опфатени.
КБ Прво пензиско друштво – партнер во планирањето на пензиската иднина
Во воспоставувањето професионална пензиска шема, важна улога има изборот на пензиско друштво кое ќе управува со средствата. КБ Прво пензиско друштво АД Скопје управува со доброволен пензиски фонд преку кој работодавачите можат да организираат професионални пензиски шеми за своите вработени.
Преку ваквиот модел, компаниите добиваат можност да ја надградат својата понуда на вработените со долгорочна финансиска бенефиција, додека средствата во доброволниот пензиски фонд се инвестираат согласно утврдени правила и инвестициска политика, под надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).
Професионалните пензиски шеми се значајни во време кога задржувањето квалитетен кадар и создавањето конкурентни услови за работа се приоритет за компаниите. Дополнителното пензиско штедење може да биде важен дел од пакетот на бенефиции, покажувајќи дека грижата на работодавачот не завршува со тековното вработување, туку опфаќа и планирање на финансиската иднина на вработените.
Долгорочната грижа започнува денес
Професионалните пензиски шеми претставуваат чекор кон посеопфатна грижа за вработените и кон поодржлив однос меѓу компанијата и нејзиниот тим. Бидејќи грижата за иднината е највредна кога започнува навреме.
Повеќе информации за професионалните пензиски шеми и можностите за доброволно пензиско осигурување се достапни на веб-страницата на КБ Прво пензиско друштво.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229











