Технолошките магнати Илон Маск, Џеф Безос и Марк Цукерберг ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп следниот понеделник, соопшти извор запознаен со организацијата на настанот.
Извршните директори на Тесла, Амазон и Мета ќе бидат истакнати гости на инаугурацијата на Трамп, ќе седат покрај одредени членови на неговата нова администрација и други функционери, според NBC News, кој прв ја објави веста. Споменатите компании сè уште не одговориле на барањето за коментар.
Амазон на Безос и Мета на Цукерберг се меѓу компаниите кои донираа по еден милион долари на инаугурацијата на Трамп. Маск, шефот на Tesla, SpaceX и X, потроши повеќе од четвртина милијарда долари за да помогне Трамп да биде избран во ноември минатата година.
Фото: Х