Cy -Bo – торбичка што се прилагодува според предметите во неа

37

Фото: Kenji Abe

Јапонскиот дизајнер Кенџи Абе, создаде алтернативна еколошка форма на пакување што може да ја замени пластиката. Материјалот од којшто се направени торбичките Cy – Bo може да се трансформира за да одговара на предметите во него, пишува Designboom.

Преку комбинација на меките парчињата се добиваат различни форми, односно дизајн што може да се користи повеќе пати. Погодна е за носење на прехранбени производи, можат да послужи и како амбалажа, односно пакување за разни садови, производи за хигиена, но и да се употреби на креативен начин како украси.

Предметите во неа остануваат суви и се безбедни од удари и кршење, благодарение на сунѓерестиот состав на Cy – Bo.