Cyclevision EDGE – кацига за велосипед со двојна камера

136

kaciga

Фото: Kickstarter

Cyclevision EDGE  е кацига направена за заштита и за снимање на авантурите за време на возењето. Едната камера снима пред корисникот, а другата позади. Двете камери снимаат во Full HD (1920×1080), а кацигата има и внатрешна меморија од вкупно 64 гигабајти.

Бесплатна апликација којашто е достапна и за IOS и за Андроид, е вградена во Wi-Fi системот, па дозволува да правите пренос на вашиот мобилен уред. За да ги префрлите снимките што сте ги снимиле, може да ја поврзете со компјутер со микро USB кабел, а може да ја полните и со power-bank.

Батеријата се полни околу три часа, а трае два и пол доколку се прави пренос на мобилниот уред.

Производот има своја нампања на Kickstarter каде досега има собрано 10.325 долари од побараните 79.262 долари, а кампањата трае уште 26 дена. Тимот од Бризбан, Австралија, очекува првите испораки на производот да бидат во јули 2018 година.