Д-р Војновска: Ми се допаѓа лежерниот стил на живот во Далмација, но ми недостасува македонската кујна

29

Фото: Pixabay

Триесет и шестгодишната Дивна Војновска веќе трет ден е на своето работно место во амбуланта на хрватскиот остров Хвар, пренесуваат тамошните медиуми.

“Сместувањето е добро, добив голем стан. Сè уште не запознав многу луѓе, но со оглед на тоа што потпишав договор на една година, колку што трае работната дозвола, верувам дека на островот ќе стекнам пријатели. Секако, постои можности за продолжување на договорот. Општо, задоволна сум со тоа што ми е понудено“, вели Војновска за Dalmacijadanas.

Таа вели дека го сака лежерниот стил на живот во тој дел од земјата, исто така и храна, иако понекогаш ѝ недостасува македонската кујна. Покрај, платата, Војновска добива и стан на користење што е веднаш до локалната амбуланта во Суќурај, како и околу 6.700 евра бонус од општината.