Дачија ја напушта идејата за (само) евтин бренд- Нова идеја е „вредност за парите“!

186

Прво Фолксваген го направи тоа со Шкода, а по истиот пат изгледа и Рено оди со Дачија. Ако се сеќавате, Шкодите беа евтини некое време, обично на постарите платформи на Фолксваген, а потоа по одличните продажни бројки, цените и квалитетот почнаа да растат. Renault сега цели на повисоки маржи за Dacia, нејзиниот романски бренд. Новата идеја е „вредност за парите“, а целта не е само да се продаваат евтини автомобили, пишува ревија Хак.

Маржите на Dacia сега се 10 отсто, изјави во вторникот главниот извршен директор Лука де Мео во неговиот ажуриран стратешки план, а марката ќе достигне 15 отсто до 2030 година. Тоа ниво е слично на она што сега го постигнуваат премиум брендовите како BMW и Mercedes-Benz.

Dacia сега е подготвена да го нападне попрофитабилниот компактен сегмент, почнувајќи од актуелниот кросовер со седум седишта Jogger. Компактниот SUV, Bigster, би требало да се појави во 2024 година, по што ќе следат уште два компактни модели до 2030 година.