Романскиот производител ќе претстави нов модел од семејството Logan/Sandero на почетокот на септември.
Караванот Logan MCV е минато и ќе биде заменет со ново мултифункционално возило наречено Jogger.
Dacia Jogger ќе ја има премиерата преку Интернет во петок, 3 септември, а романскиот производител го најави овој настан со тизер во кој открива одредени детали за новиот модел.
Jogger ќе биде достапен во опции со пет или седум седишта, а задните светла стилистички потсетуваат на естетиката што ја негува Volvo.
Предниот дел на возилото се уште не е прикажан, но се очекува да биде сличен по дизајн со моделите Logan/Sandero.
Внатрешноста на автомобилот не е видлива на тизерот, но бидејќи Dacia – како и другите производители – се стреми да ги намали трошоците за развој и производство на возила, кокпитот треба да го преземе Sandero Stepway.
Jogger, сепак, ќе биде значително попрактичен од гореспоменатиот хечбек благодарение на неговиот распоред во три реда или конфигурација во два реда со огромен простор за багаж зад задните седишта.
По премиерата преку Интернет, закажана за 3 септември, новата Dacia Jogger ќе биде претставена пред јавноста на саемот за автомобили во Минхен следната недела.
Треба да се појави во продажба на крајот на годината или на почетокот на 2022 година.