Дајмон предупреди: На Америка ѝ се заканува нешто многу полошо од рецесија

268

Извршниот директор на „JP Morgan Chase“ посочи кој е „најлошиот исход“ за американската економска иднина, освен рецесија.

„Најлошиот исход е стагфлацијата. И не би ја симнал од агендата“, изјави Џејми Дајмон.

Лидерот на најголемата инвестициска банка во САД со актива од 3,4 милијарди долари, го даде својот коментар на почетокот на неделата на Советот на институционални инвеститори во Њујорк, пренесува Fox News.

Стагфлацијата, акроним за стагнација и инфлација, се однесува на состојба во која економскиот раст забавува додека инфлацијата и невработеноста растат.

Економските последици од стагфлацијата може да доведат до намалување на пензиските фондови, како и до крахови на берзата. Последен пат била видена во САД во 1970-тите, според „Инвестопедија“.