Дали е кражба ако дома си однесете канцелариски материјали?

32

materijal

Фото: Pexels

Сопственик сте на ресторан или кафуле и забележувате како вашите вработени им даваат на своите пријатели бесплатен пијалок или по завршувањето на смената храна ја носат дома без да ја платат.
Доколку овој проблем во вас предизвикува незадоволство и лутина, знајете дека не сте сами. Многу сопственици на ресторани и компании постојано се соочуваат со исто или слично однесување на вработените и си го поставуваат прашањето како да се справат со овој начин на “предавство”.

Такво прашање на entrepreneur.com поставила една огорчена сопственичка на ресторан, која се прашувала како да му верува на персоналот по таквото однесување.

Во одговорот што таа го добила од консултантот и колумнист Гаел О’Брајан се вели дека вработените кои дома носат разлини работи, без разлика дали се работи храна или канцелариски материјали, не го сметаат тоа за начин на кражба, туку придобивки што тие ги заслужуваат, верувајќи дека еден хамбургер или две пенкала нема никому да му недостигаат.

Доколку овие случаи ги гледате како чин на предавство кон вас како работодавач, гневот ќе биде присутен, но тоа воопшто не е добро. Наместо да се прашувате како да им верувате на вработените, предупредете ги дека нивното однесување може да го загрози бизнисот на ресторанот или компанијата.

Довербата е обострана, па затоа ако на вработените јасно им ги објасните вашите очекувања, не ги лишувајте од можноста и тие да го кажат своето мислење и да помогнат во подобрување на производите или услугите на крајните корисници. На тој начин ќе се создаде работна средина каде постои взаемна доверба.