Дали ЕУ избрза? Можеби бензинците и дизелашите ќе преживеат

106

Неодамна, Европската унија објави дека ќе ја забрани продажбата на сите нови бензински и дизел возила од 2035 година. Беше оставена уште една „проодна точка“ бидејќи за оваа одлука повторно ќе се расправа во 2026 година.

Дали Европската унија беше премногу избрзана во својата одлука? Мотивот е да се заштити климата, но дали е превисока цената што ќе ја плати економијата на ЕУ, особено кога станува збор за земји со моќна автомобилска индустрија, како Германија, Франција, Италија…?

Во интервју за Политико, алармот го вклучи комесарот за внатрешен пазар на Европската комисија, Тиери Бретон. Бретон предупреди дека префрлувањето на чиста електрична мобилност ќе збрише повеќе од 600.000 работни места, пренесува Б92.

Веќе во 2030 година, многу пред планираната забрана, за електричните автомобили ќе бидат потребни 15 пати повеќе литиум, четири пати повеќе кобалт и графит и три пати повеќе никел – што е огромна потрошувачка на суровини, тврди овој Французин.

Од друга страна, Европа има некои рудници, но ќе мора да увезува најголем дел од суровините. Исто така, ќе биде потребна 20 до 25 отсто повеќе електрична енергија, но нејзиното производство со гас или јаглен нема смисла од перспектива на борбата против климатските промени.

Дури и ако електричната енергија се произведува на чист начин, електричните автомобили сè уште придонесуваат за загадување – поради зголемените емисии на честички од гумите и сопирачките, вели Бретон.

Бретон укажа и на сериозни недостатоци во проширувањето на инфраструктурата за полнење. Седум милиони полначи би биле потребни за сериозна електрична мобилност во Европа, а моментално има вкупно 350.000.

Седумдесет проценти од нив се наоѓаат во само три земји, Франција, Германија и Холандија. Затоа, постепеното укинување на моторите со внатрешно согорување не е добра идеја во моментов – бидејќи дури и да успее во Европа, бензините и дизелите сепак ќе се продаваат на другите континенти.

Препорачувам европските компании да продолжат со производство на SUS мотори“, рече Бретон.

Што се однесува до Европа, еврокомесарот за внатрешниот пазар на ЕУ сака во следните неколку недели да постави строги критериуми според кои може да се мери напредокот.

Транзицијата кон е-мобилност има такво влијание врз индустријата што ЕУ не може да си дозволи да пропадне. Доколку Комисијата утврди дека таа линија е пропуштена, датумот на објавување мора да се одложи.

Она што комесарот не го спомна е дека Кина претставува огромна конкуренција и со своите електрични автомобили, кои технолошки се еднакви со европските модели и се значително поевтини.