Дали го знаете рецептот за успех?

24

uspeh-pixabay

Фото: Pixabay

Барометарот за успех во животот е многу едноставен. Или сте среќни или не сте. Луѓето го гледаат само она што го имате или што работите, а ретко гледаат кои сте навистина.

– Дали сте сопственик или изнајмувате куќа?
– Дали сте во брак?
– Дали сте богати?
– Дали сте високо образовани?
– Одите ли често на одмор?

Луѓето го гледаат само најмалиот дел од комплексниот склоп што ја гради личноста, за жал делот којшто е материјален. Доколку брзате да го исполните горенаведеното ја пропуштате смислата на животот.
Состојките се многу едноставни и очигледни. Без среќа нема успех.

Страста и целта се патиштата кон успехот коишто најмногу можат да ве исполнат. Ако ги следите работите кои се најважни, а ја будат вашата самоафирмација и напредување ги имате сите елементи потребни за успех. Трошејќи го највредниот ресурс – времето, правејќи ги работите кои ги сакате со луѓето кои ви се драги, не може да изгубите.

Ако не сте среќни во сопствената кожа и не знаете да се сакате себеси, тогаш не може и другите. Нивните очекувања морате да ги тргнете на страна и да ја живеете сопствената среќа. Тоа е клучот за успех. Бидете бестрашни, храбри и среќни. Ова се навистина добри состојки.